Линкови за пристапност

Еден месец откако Мандела е во болница


Поранешниот јужноафрикански претседател и добитник на Нобеловата награда за мир е во критична состојба, додека надвор од болницата се одвива семеен скандал.

За 10 дена Нелсон Мандела ќе наполни 95 години, што е голем настан за човекот чиј живот опфатил најтемни и најсветли моменти на Јужна Африка. Како прв црн претседател на државата, нему му се припишува заслуга за изведување на државата од граѓанска војна и нејзино поттикнување на патот на мир и демократија.

Но во понеделник тој направи наслови и заради друг настан, помалку посакуван: тој наврши еден месец престој во болница во Преторија, каде бил примен на 8-ми јуни заради инфекција на белите дробови.

Нема многу детали за неговата здравствена состојба, а тие што ги има во јавноста често се контрадикторни.

Канцеларијата на претседателот, како официјален извор, повеќе или помалку ги повторува истите три збора од ден во ден - „сериозна, но стабилна“ или „критична, но стабилна“, како што изјавува последните две недели.

Судски документи поднесени од семејството на Мандела на крајот на минатиот месец индицираат дека тој бил близу до смрт и зависел од апарати за одржување на живот.

Но пријател кој неодамна го посетил на локалните медиуми изјавил дека „има многу добра шанса да се опорави“.

Портпаролот на претседателот, Мак Махараџ, вели дека единствено канцеларијата на претседателот добива веродостојни извештаи од лекарите на Мандела.

„Ние објавивме дека тој останува во критична но стабилна состојба. И лекарите негираат дека тој е во вегетативна состојба“, рече Махараџ.

Тоа тврдење беше во центарот на експлозивни судски документи поднесени доцна минатиот месец од членови на семејството Мандела. Семејството покренало судска постапка против внук на Мандела, Мандла Мандела, откако ги преместил телат на три од децата на Мандела во Мвезо, село каде тој е шеф.
Семејството тврди дека Мандла Мандела не го консултирал семејството за тој потег.

Блок на семејството предводено од најстарата жива ќерка на Мандела во судски документи вели дека симболот на борбтаа против апартхејдот бил „во трајна вегетативна состојба и во дишењето му помагаат машини“.

Оваа недела, локалните медиуми известија дека адвокат на Мандла Мандела ќе поднесе контра-пријава против семејството заради „заведување“ на судот во врска со здравјето на Мандела.

Мандла Мандела исто така се соочува со можно симнување од функцијата шеф на селото. Првиот човек на племето Тембу кажа дека потезите на Мандла, вклучувајќи и прес-конференција во која тој го обвинува братот дека не е законски, не биле добродојдени во племето.

Мандла Мандела одби да коментира во понеделник кога Гласот на Америка побара од него изјава.

Семејното несогласување ја стави државата во необична позиција на поттикнување на семејството на Мандела да се помири.

„Ова е разврска што не е убава, но за жал тука е, и ние не можеме да направиме да исчезне. Можеме само да се надеваме дека ќе биде разрешена, колку што е можно побрзо“, кажа портпаролот Махараџ.

А тоа е сигурно она што самиот Мандела би го сакал, кого светот го знае како човек кој ја помирил нацијата.
XS
SM
MD
LG