Линкови за пристапност

Манафорт доби нови три ипол години затвор


Казната се надодава на 47 месечната која тој претходно ја доби заради финансиски криминал

Поранешниот шеф на претседателската кампања на претседателот на САД Доналд Трамп, Пол Манафорт беше осуден на дополнителни 3,5 години затвор. Тој беше осуден за заговор поврзан со напорите за лобирање во Украина за проруска политичка партија. Манафорт минатата недела беше осуден на 47 месеци затвор по обвиненија за финансиски криминал.

Манафорт во судницата во Вашингтон и се извини на окружната судијка Еми Берман Џексон велејќи дека се срами од неговите постапки и побара милост.

„Не можам да го вратам минатото, но ќе се осигурам дека иднината ќе биде многу поинаква.“ кажа Манафорт.

Судијката Џексон кажа дека не може да ги игнорира неговите прекршоци. Таа му го одзеде куќниот притвор во јуни минатата година по наводи дека сакал да влијае врз сведоците. Џексон рече дека 30 месечната казна се надодава на 47 месечната која тој ја доби за финансиски криминал.

Заедно двете казни се седум ипол години.

Набргу по изрекувањето на казната голема порота во Њујорк покрена обвиненија по 16 точки против Манафорт заради хипотекарна измама.

И понатака постои можност Манафорт да биде помилуван од страна на претседателот Трамп.

Кон крајот на минатата година, Трамп рече дека „нема да ја исклучи можноста“ иако неодамна кажа дека „нема да дискутира за тоа.“

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс претходно неделава изјави дека Трамп „ќе донесе одлука кога ќе биде подготвен за тоа“.

Случајот Манафорт е дел од истрагата на специјалниот советник на Роберт Милер која ја истражува руската вмешаност во претседателските избори во 2016-та година.

Сепак, обвиненијата против Манафорт не се поврзани со неговата работа во кампањата Трамп, туку на неговата лобирање во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG