Линкови за пристапност

Случајот Манафорт во раце на поротата


Вчера обвинителството и одбраната ги презентираа завршните зборови

Поротата денес започна со разгледување на случајот на поранешниот претседател на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, за тоа дали тој е виновен или не за даночни и банкарски измами. Ако биде осуден Манафот се соочува со можна казна затвор од неколку децении.

Обвинителите и адвокатите на одбраната вчера ги презентираа своите завршни аргументи. Обвинителството тврди дека животот на Манафорт бил „неуреден и полн со лаги“ додека тој продолжил да живее раскошен начин на живот.

Но, адвокатот на одбраната Ричард Вестлинг пред поротата рече дека Манафорт треба да биде ослободен. Тој рече дека владата не успеала да докаже дека Манафорт бил „виновен надвор од основано сомнение“, стандард за осуда во американскиот правен систем.

Вестлинг додаде дека тоа е причината поради која одбраната одлучи да не повика сведоци на сослушувањето, вклучувајќи го и самиот Манафорт.

Вестлинг го нападна тврдењето на владата дека Манафорт криел милиони долари за да избегне плаќање на даноци и да може да финансира луксузни купувања. Тој рече дека Манафорт на крајот на 2016-та година имал приходи во вредност од 21,3 милиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG