Линкови за пристапност

Продолжува расправата за случајот на Манафорт


Поротата во Александрија, Вирџинија му постави на судијата четири прашања, вклучувајќи објаснување на значењето на „рационален сомнеж“

Поротата продолжува втор ден со разгледување на случајот дали поранешниот менаџер на кампањата на претседателот Доналд Трамп Пол Манафорт е виновен за даночна и банкарска злоупотреба, со цел да финансира лични потреби.

Поротата во Александрија, Вирџинија се состана седум часа, пред да му постави на судијата четири прашања, вклучувајќи објаснување на значењето на „рационален сомнеж“.

Адвокатите на Манафорт велат дека неговиот некогашен бизнис партнер Рик Гејтс затаил и проневерил пари, и оти Манафорт не направил свесно криминал, како и дека Владата не докажала дека Манафорт бил виновен надвор од рационален сомнеж.

Обвинителите на специјалниот советник Роберт Мулер го обвинуваат Манафорт за криење милиони долари во офшор сметки, кои ги заработил додека лобирал за украинскиот претседател Виктор Јанукович, години пред да се приклучи на кампњата на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG