Линкови за пристапност

Како да се вратат мигрантите во Африка од Европа?


Втор ден од Самитот ЕУ- африкански лидери за начините за справување со бегалската криза

Британската министерка за надворешни работи, Тереза Меј изјави дека европската криза со мигрантите мора да почне да се решава со обид за можно враќање на мигрантите во Африка од Европа.

На нејзиното обраќање за време на вториот ден од Самитот за мигрантската криза, на кој се присутни повеќе од 60 лидери од Африка и Европската унија, во главниот град на Малта, Валета, Меј за новинарите изјави дека дел од решавање на оваа равенка е и соочување со криминалниот аспект кој им е од помош на мигрантите за време на нивното патешествие.

Меј изјави дека на Самитот се одржале конструктивни разговори помеѓу африканските и европските лидери.

Таа изјави деке се согласиле оти решение за африканската мигрантска криза е да се запрат оние кои користат од безнадежните Африканци и да работат на фактот дека мигрирањето во Европа не е единстевото решение за излез од ситуацијата во која се наоѓаат.

Европските лидери на Самитот потпишале итен договор за отворање на заедничка банкарска сметка. Меј рече дека Велика Британија се заложи за издвојување повеќе од 300 милиони долари.

Самитот беше одржан со цел да се увидат причините зошто луѓето ги напуштаат своите татковини, подобро да се организираат легалните мигрантски канали на движење, да се подобри заштитата на мигрантите, борба против криумчарите и подобрување на соработката со Африка за враќање на луѓето кои нема да се квалификуваат за добивање азил.

Францускиот претседател Франсоа Холанде изјави дека доколку Европската унија не ја достави паричната помош, мигранската криза која донесе стотици илјади луѓе да пребегуваат во Европа оваа година ќе продолжи.

Повеќе од 3,400 луѓе го загубија животот за време на преминувањето на Медитеранот кон Европа оваа година. Најмалку 14 луѓе се удавија во средата откако потона брод од правец на северна Турција кон Грција.

XS
SM
MD
LG