Премиерот на Малта Џозеф Мускат нуди „значителна“ награда за информација поврзана со шокантното убиство на новинарката Дафне Галиција.
Галиција ги истражувала наводите за корупција во владата на Малта. Таа беше убиена кога бомба експлодира во нејзиниот автомобил, непосредно откако заминувала од дома. Нејзиниот син бил сведок на експлозијата, но не можел да и` помогне.
ФБИ и холандски експерти за судска медицина се во Малта, за да помогнат во истрагата.
„Неприфатливо е. Не само во Европската Унија, туку и секаде во светот. Актот не е убиство на новинар, тоа е напад врз сето зад кое стоиме како општество и затоа како влада имаме целосна решеност да не штедиме ресурси за да осигуриме дека истражителите, ќе ја добијат неопходната странска експертиза за целосно откривање на случајот,“ рече премиерот на Малта.
Мускат беше меѓу осомничените на истрагата на Галиција, наводно за користење на оф-шор компании и банки за да избегне плаќање даноци.
Тој негираше дека сторил нешто незаконски и ја тужеше Галиција.
Facebook Forum