Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер ќе побара од Обама воена помош


Нури ал-Малики ќе се сретне со американскиот претседател две години откако одби да даде имунитет за американските трупи

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики се очекува да побара повеќе американска армиска опрема и поголема анти-терористичка соработка кога ќе се сретне со претседателот Барак Обама подоцна во петок во Белата куќа.

Посетата доаѓа речиси две години откако владата на Малики одби да дозволи американските сили да останат во Ирак уживејќи имунитет од ирачко правно гонење на што Вашингтон инсистираше дека е потребен за да се заштитат американските војници. Среде ова легално несогласување, претседателот Обама нареди повлекување на сите американски војници до крајот на 2011.

Последниве месеци Ирак се лизна по патот на продлабочено смртоносно секташко насилство, кревајќи ги стравувањата дека државата може да падне во друга целосна војна. Белата куќа во четврток кажа дека продолжителна помоѓ за Ирак е неопходна, но не одговори на извештаите дека Конгресот има големи резерви за таквата помош.

Висок американски претставник кажа дека доставувањето на борбени авиони од типот Ф-16 за Ирак е во процес за кон крајот на следната година и покрај некои претходни одлагања. Ирак неодамна даде учество од 650 милиони долари за нарачката за авионите.
XS
SM
MD
LG