Линкови за пристапност

Потрагата по малезискиот авион и натаму се шири


Весникот Њујорк Тајмс пишува дека некој ја променил насоката на движење на авионот во компјутерскиот систем.

Малезиските власти велат дека потрагата по исчезнатиот авион е проширена на површина од над четири милиони квадратни километри.

Министерот за одбрана Хишамудин Хусеин во вторник побара поголема меѓународна соработка за да се стесни потрагата.

Властите веруваат дека малезискиот Боинг 777 бил намерно пренасочен и летал или на север кон Централна Азија или на југ кон Индискиот Океан.

Над 26 држави се инволвирани во напорот да се најде авионот, што исчезна на 8-ми март на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

Властите одбиваат да исклучат ниедна можност, вклучувајќи тероризам, грабнување или механички проблем.

Пекинг во вторник кажа дека ниеден од сите 154 кинески патници немал поврзаност со тероризам или грабнување.

Хуанг Хуиканг, кинескиот амбасадор во Малезија, кажа дека деталната проверка на патниците била извршена од главното копно на Кина.

Во меѓувреме, весникот Њујорк Тајмс пишува дека летот на авионот изгледа дека бил променет во компјутерскиот систем, најверојатно програмирано од некој во кабината на пилотот со познавање на современите авионски системи.

Зборувајќи анонимно, американски претставници му кажале на весникот дека ваквиот развој ја потврдува теоријата дака се работи за намерно дејствие и најверојатно ќе ја зголеми истрагата за пилотот на авионот и копилотот.
XS
SM
MD
LG