Австралискиот премиер Малком Турнбул, кажа дека ќе изврши притисок врз Русија да ги поддржи напорите на Советот за безбедност на ОН за судско гонење на одговорните за соборувањето на малезискиот патнички авион којшто се урна над источна Украина во јули 2014-та година.
Меѓународните истражители во средата обелоденија докази дека авионот бил соборен од проектили земја-воздух којшто во Украина бил донесен од Русија.
Турнбул кажа дека освен Советот за безбедност на ОН, каде Русија го искористи правото на вето за каква било активност, сопствена истрага можно е има и Холандија.
Доказите обелоденети во средата ја потврдуваат претходната истрага на Холандскиот безбедносен борд, којшто заклучи дека авионот на „Малезија ерлајнс“ бил соборен со помош на проектил од руско производство „Бук“, тврдење што Русија го отфрли.