Линкови за пристапност

Ниту трага од малезискиот авион


Фотографија на 19-годишниот Пури Нурмухамади, еден од двајцата Иранци што влегле во авионот со укррадени пасоши, како што тврди истрагата
Фотографија на 19-годишниот Пури Нурмухамади, еден од двајцата Иранци што влегле во авионот со укррадени пасоши, како што тврди истрагата

Новите податоци за Иранците што со украдени пасоши влегле во авионот не укажуваат на тероризам, според Интерпол.

Генералниот секретар на Интерпол Ронард Нобл смета дека исчезнувањето на малезискиот патнички авион навидум не е поврзано со тероризам. Тој рече дека новите информации за двајцата Иранци што употребиле украдени пасоши за да влезат во авионот прават тероризмот да биде поневеројатно објаснување за изчеснувањето.

Интерпол објави фотографии од 19-годишниот Пури Нурмухамади и 29-годишниот Делавар Саедмухамедреза како заедно влегуваат во авионот.

Малезискиот полициски инспектор, генералот Калид Тан Сри вели дека 19-годишникот најверојатно сакал да емигрира во Германија.

Боингот 777 на Малезија ерлајнс, што беше на пат за Пекинг, исчезна од радарот во саботата, приближно еден час по полетувањето од Куала Лумпур. Додека роднините на 239-те патници се` уште очекуваат конечна вест за тоа што се случило, денес беше проширена потрагата во радиус од 185 километри од местото на исчезнување. Во потрагата учествуваат десетици бродови и авиони, но засега не најдоа никаква трага.

Малезиските власти ги истражуваат сите можности во случајот: од експлозија, грабнување, пилотска грешка, па се` до механички проблем.

Околу две третини од патниците се од Кина, а останатите од други азиски земји, Европа и Северна Америка.
XS
SM
MD
LG