Линкови за пристапност

Дали пронајдениот остаток е дел од исчезнатиот малезиски авион?


МХ 370
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00

Нов, потенцијално пресвртен момент во истрагата на една од најголемите мистерии во современото воздухопловство

Истражни лица се обидуваат да утврдат остатокот од авион, пронајден на француски остров Реунион во Индискиот Океан е дел од оној на Малезија Ерлајнс, којшто мистериозно исчезна за време на летот МХ370 во март минатата година.

Речиси двометарскиот остаток од крило на авион бил пронајден на плажа на островот којшто е во близина на Мадагаскар и на оддалеченост од 3.500 километри од последната потврдена локација на исчезнатиот Боинг 777 на Малезија ерлајнс.

Француски воздухпловни претставници, задолжени за најновиот момент од истрагата, истакнаа дека е прерано да се потврди дали остатокот е од исчезнатиот авион. Доколку се испостави дека е така, тоа би можело да биде клучен чекор кон решавање на една од најголемите мистерии во современото воздухопловство.

Остатокот го нашле чистачи на плажа на островот минатата недела. Тие доставиле фотографии од него до францускиот стручњак за авијација Хавиер Тајтелман, којшто за Гласот на Америка изјави дека е убеден дека се работи за дел од Боинг 777.

Австралија раководи со истрагата на авионот од самиот почеток. По повод најновото откритие, австралискиот заменик-премиер Ворен Трас изјави дека тоа може да биде пресвртен момент во истрагата.

Авионот на Малезија ерлајнс со 239 патници исчезна на 8-ми март 2014-та. Леташе на релација Куала Лумпур – Пекинг, а исчезна од радарот еден час по полетувањето, над Јужното Кинеско Море.

XS
SM
MD
LG