Една од најголемите светски авионски мистерии останува нерешена, откако инспекторите изјавија во извештајот објавен во понеделникот дека не знаат што точно се случило со авионот на Малезија ерлајнс кој исчезна пред четири години.
Во долгоочекуваниот извештај, меѓународниот тим составен од 19 члена отфрли многу можни сценарија за тоа што го предизвикало исчезнувањето на авионот, но велат дека не можат да ја отфрлат можноста за „интервенција од трета страна“.
Најновото пребарување на исчезнатиот авион заврши во мај кога „Оушн Инфинити“ објави дека ги откажал своите обиди кои траеле три месеци да го пронајде авионот, откако ги пребарал 112.000 квадратни километри.
Малезискиот авион со ознака MH370 исчезна на 8-ми март 2014-та година. Авионот од типот Боинг 777 превезувал 239 патници на релацијата од Куала Лумпур до Пекинг.
Членовите на семејствата на патниците и екипажот ја изразија својата фрустрација со извештајот, велејќи дека има недостатоци во истрагите и премногу неодговорени прашања.
Меѓународниот тим составен од 19 члена отфрли многу можни сценарија за тоа што би можело да предизвика исчезнување на авионот
Facebook Forum