Линкови за пристапност

Истрагата се` посигурна дека пронајдениот остаток припаѓа на МХ370


Локацијата на островот Ренуион каде што беше пронајден остаток од авион и локациите каде што претходно се водеше потрагата по исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс
Локацијата на островот Ренуион каде што беше пронајден остаток од авион и локациите каде што претходно се водеше потрагата по исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс

Малезискиот авион лани мистериозно исчезна за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг

Австралиски истражни лица велат се се` посигурни дека остатокот од авион, пронајден на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан е дел од оној на Малезија Ерлајнс, којшто мистериозно исчезна за време на летот МХ370 во март минатата година. Во авионот имаше 239 патници.

Мартин Долан, главниот комесар на Австралиската управа за безбедност во сообраќајот, изрази надеж дека мошне скоро би можел да го потврди потеклото на остатокот.

Речиси двометарскиот остаток од крило на авион беше пронајден на плажа на островот којшто е во близина на Мадагаскар и на оддалеченост од 3.500 километри од последната потврдена локација на исчезнатиот Боинг 777 на Малезија ерлајнс. Делот е на пат за Тулуз, Франција на натамошна истрага. Француските истражни органи ќе се обидат да утврдат дали бројките на остатокот од летолото одговараат на малезискиот авион којшто мистериозно исчезна на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

XS
SM
MD
LG