Линкови за пристапност

Максим Димитриевски најавува изучување на рускиот јазик во училиштата во Куманово


Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово и претседател на владејачкото движење ЗНАМ.
Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово и претседател на владејачкото движење ЗНАМ.

Градоначалникот на општина Куманово и претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил информираше дека во посета на општината бил рускиот амбасадор во Северна Македонија, Сергеј Александрович Баздникин.

Димитриевски објави фотографија од средбата со Баздникин, а во описот на истата напиша:

„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин.

На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“, стои во објавата на Фејсбук профилот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Фејсбук објава на градоначалникот на општина Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Фејсбук објава на градоначалникот на општина Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG