Линкови за пристапност

Макрон вели дека не се сомнева оти Русија ќе ги таргетира Олимписките игри во Париз


Не се сомневам во ништо, вклучително и во однос на информациите, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека Русија ќе се обиде да ја таргетира Олимпијадата
Не се сомневам во ништо, вклучително и во однос на информациите, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека Русија ќе се обиде да ја таргетира Олимпијадата

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека не се сомнева оти Русија ќе ги таргетира Олимписките игри во Париз ова лето.

„Не се сомневам во ништо, вклучително и во однос на информациите“, рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека Русија ќе се обиде да ја таргетира Олимпијадата.

Коментарите на Макрон, дадени на настанот во Париз за инаугурацијата на новиот воден центар на Олимпијадата, претставуваат негово најексплицитно признание досега за странски закани за безбедноста или непречено одвивање на Игрите.

Игрите ќе се одржат среде сложена глобална позадина, со руската војна во Украина и конфликтот на Израел со Хамас во Газа, кои ги комплицираат напорите за заштита на Олимпијадата.

Макрон во изминатите месеци усвои построг став против Русија, ветувајќи дека Москва мора да биде поразена и не ја отфрли можноста европските трупи еден ден да заминат во Украина, иако јасно стави до знаење дека Франција нема намера да поттикнува непријателства против Русија.

Неговата влада, исто така, усвои поостра линија против наводните руски напори за дезинформација низ Европа.

Претходно оваа недела, Франција рече дека ќе предложи санкции на ниво на ЕУ за оние кои стојат зад ширењето дезинформации, во услови на она што Париз го гледа како зголемени напори на Русија за дестабилизација на блокот.

XS
SM
MD
LG