Линкови за пристапност

Макрон оцени дека немирите во Франција го поминале „врвот“


French riot police officers patrol during a demonstration in Caen, north-western France on June 30, 2023, after the shooting of a teenage driver by French police in a Paris suburb on June 27.
French riot police officers patrol during a demonstration in Caen, north-western France on June 30, 2023, after the shooting of a teenage driver by French police in a Paris suburb on June 27.

Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон денекса се сретна со стотици француски официјални лица за да започне со истражување на „подлабоките причини“ за втурнувањето на земјата во немири по убиството на тинејџер на сообраќаен застој.

Состанокот во Елисејската палата со околу 250 градоначалници, чии општини претрпеа штети во текот на една недела насилства, доаѓа откако властите објавија многу помирна ноќ низ целата земја.

„Дали е тоа трајно враќање на смиреноста? Ќе бидам претпазлив, но врвот што го видовме во претходните денови помина“, рекол Макрон, според еден од учесниците.

„Сите сакаме траен, републикански поредок“, рече тој. „Тоа е апсолутен приоритет.

Владата се бореше со немири и грабежи откако 17-годишниот Нахел М. беше убиен од полицаец за време на сообраќаен застој пред една недела веднаш пред Париз, што повторно ги поттикна долгогодишните обвинувања за системски расизам меѓу безбедносните сили.

Насилството во француските градови во текот на ноќта се преполови, соопшти Министерството за внатрешни работи, при што 72 лица се уапсени во текот на ноќта низ целата земја. Меѓу нив и 24 лица во и околината на Париз, каде прво избувнаа немирите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека десетици згради биле оштетени, вклучително и напади врз четири канцеларии на полицијата, но повредени нема.

Повеќе од 150 возила беа запалени, а стотици пожари избувнаа во корпи за отпадоци или други јавни површини.

Градоначалниците вчера ширум Франција одржаа митинзи и повикаа на прекин на насилните судири.

На средбата со градоначалниците, Макрон се надеваше дека „ќе ја започне макотрпната, долгорочна работа потребна за да се разберат подлабоките причини што довеле до овие настани“, рече претставник од кабинетот на претседателот.

Според податоците на Министерството за правда, од петокот се извршени нешто помалку од 4 000 апсења, вклучително и на повеќе од 1 200 малолетници.

Во меѓувреме, француските бизниси ги броеа трошоците за седумте ноќи поминати во немири кои оставија вандализирани безброј продавници и други продажни места.

„Тие уништија сè“, рече Александре Маншон, кој работи во тутунар во јужниот град Марсеј, каде што беа забележани едни од најлошите грабежи.

„Ништо од ова не е наша работа, ние сме обични работни луѓе кои стануваат во пет наутро за да можеме да ги прехраниме нашите деца и семејства“, рече тој за АФП.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека владата може да им дозволи на бизнисите кои претрпеа штети при немирите да не плаќаат даноци и социјално осигурување додека ги обновуваат бизнисите.

Полицијата во меѓувреме соопшти дека испрашувала еден од патниците во автомобилот управуван од Нахел М., кој сам се предал, за да дознае повеќе за точните околности на пукањето.

Полицаецот кој го испука смртоносниот истрел остана во притвор и е обвинет за убиство.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG