Линкови за пристапност

Луѓе кои прават разлика: Лин Хенинг


Луѓе кои прават разлика: Лин Хенинг
Луѓе кои прават разлика: Лин Хенинг

Најголем дел од млекото и месото во САД доаѓа од големи фарми, но нивната ефикасност е на сметка на животната средина. Ова е приказна за фармерот кој се крена против големите фарми.

Лин Хенинг ја штити животната средина од загадување од добитокот. Зема примероци од водата да ја провери загаденоста од големата добиточна фарма во близина на нејзиниот дом во рурален Мичиген. Со сопругот Хенинг самата одгледува пченка и соја на фарма од 120 хектари. Но, на 16 километри од нивниот дом се наоѓа голема индустриска фарма, со десетици илјади крави и свињи кои се хранат концентрирано. Само неколку стотици грла од ваква фарма произведуваат измет колку мал град од неколку десетици илјади жители. Изметот се фрла непреработен на полињата на фармата, како ѓубриво.

„Смрдеата е неподнослива. Не може да сушите алишта на отворено, ниту да отворите прозорец“, вели Хенинг.

Изметот може и да ја загади водата што минува низ фармата. Тоа се случило во 2000-та. Некој го пројавил загадувањето, а фармата ја обвинила Хенинг. Вели, иако не била таа што пријавила, инцидентот ја поттикнал да се заинтересира.

„Почнавме да истражуваме примероци од вода и откривме дека имаме ужасен проблем“, вели таа.

Како резултат на нејзината активност, властите казниле фарми за незаконско работење, но Хенинг станала мета на заплашувања.

„Не` бркаа по патишта, се` до канцеларијата на шерифот. Најдов мртви животни во поштенското сандаче, во мојот автомобил, пред врата. Ни беше разнесено поштенското сандаче. Неодамна беше стрелано врз прозорецот од собата на мојата внука“, раскажува Хенинг.

Таа неодамна доби Голдманова награда – најголемо признание во светот за пионерско постигнување за заштита на животната средина. Додели 150.000 долари од наградата на невладини организации, со цел и други да го надгледуваат загадувањето од добиток во своите заедници.

XS
SM
MD
LG