Линкови за пристапност

Македонски работници ангажирани на отворено и во време на топлотен бран


Дел од македонските работници, што се ангажирани на отворено, работеа во екот на топлотниот бран, иако владата вчера упати препораки до приватниот и јавниот сектор да нема работни активности со директна изложеност на сонце во период од 11 до 17 часот
Дел од македонските работници, што се ангажирани на отворено, работеа во екот на топлотниот бран, иако владата вчера упати препораки до приватниот и јавниот сектор да нема работни активности со директна изложеност на сонце во период од 11 до 17 часот

Работници ангажирани покрај градежните машини, со алати во раце, без сенки во околината и покрај вжештен асфалт. Таква беше сликата што ја забележавме со нашата камера денеска кај крстосницата во близина на поликлиниката „Пролет“ во Скопје, во период од денот кога температурите се движеа околу 40-от степен.

Дел од македонските работници, што се ангажирани на отворено, работеа во екот на топлотниот бран, иако од владата вчера беа упатени препораки и мерки да се избегне работа на локации што се директно изложени на сонце.

Остатокот од граѓаните низ главниот град, пак, се снаоѓаа како што знаат и умеат да се разладат. Дел од нив ги користеа јавните чешми низ центарот, барем тие што сè уште работат, за да се освежат. Други, пак, се движеа со чадори или со шапки за заштита од силното УВ зрачење.

Триесетина волонтери од Црвениот крст беа распоредени низ градските улици и на граѓаните им делеа шишиња вода, како и совети за избегнување на подолга изложеност на сонце во ек на топлотниот бран. Од Брзата помош, пак, соопштија дека имале зголемен број повици за интервенции поврзани со зголемените температури.

Земјава, како и поголем дел од Балканот, деновиве е под топлотен бран, при што температурите се очекува да се искачат и повеќе од 40 степени Целзиусови. Од тие причини, прогласена е портокалова фаза, која подразбира примена на повеќе препораки за заштита на граѓаните.

Владата, согласно укажувањата од министерството за здравство, препора приватниот сектор да ги заштити од директна сончева изложеност работниците во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Исто така, беше укажано, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а тоа особено се однесува на работата на градежните работници.

Градинките, пак, треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Препораките и мерките ќе важат до крајот на оваа недела.

Според прогнозите од УХМР, во следните три дена високите дневни температури ќе се искачат и до 42 степена.

Во продолжение, погледнете како изгледаше централното подрачје на Скопје во периодот околу 14.00 часот.

XS
SM
MD
LG