Линкови за пристапност

Македонски државјани на странски боишта


Повеќе од 140 македонски државјани заминале на странски боишта
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:38 0:00

Повеќе од 140 македонски државјани заминале на странски боишта

Повеќе од 140 македонски државјани заминале на странски боишта. Гласот на Америка на македонски истражуваше што се случува со повратниците

Македонски државјани сѐ уште војуваат на странските боишта. Ако до пред неколку години актуелни беа Сирија и Ирак, каде се вклучуваа како дел од терористичката организација ИСИС, денес актуелни се воените жаришта во Украина. Информациите се дека педесетина од земјава војуваат на украинско тло.

„Имаме сознанија дека во Украина има (македонски државјани-борци). Државата цврсто стои на ставот дека нема официјални податоци. Тоа веќе е работа на државните органи да излезат со официјални податоци. Се оперираше со една бројка од 59. Дали е таа точна или не е точна бројка, не би можел со сигурност да потврдам“, вели Владо Димовски од Центарот за толеранција и доживотно учење.

Психосоцијалната поддршка и помош ќе биде неопходна за овие лица, кога еден ден ќе се вратат дома, вели Димовски. Според него, ваквиот вид на помош, што во моментот им се пружа на повратниците од Ирак и Сирија, е многу важна, вели Димовски.

„Државата има механизам. Определува одредена парична поддршка, бидејќи се враќаат оние кои отишле за кауза и се враќаат без пари, или отишле од економски причини таму. Државата преку центрите за социјална работа, работи на психо-социјална поддршка со нив, со жените децата, а граѓанските организации ги вклучуваат во нивните активности“.

Во текот на 2024 година, седум затвореници кои издржувале казна затвор поради учество во странски војски излегуваат на слобода. Со нив ќе се работи на реинтеграција во локалната заедница.

Сашко Јованов,извршен директор на Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ вели дека нивото на радикализација во државата не е сосема јасно.

„Ние, како организација, претходно кога правевме истражување сметавме дека во Македонија многу малку е застапена радикализацијата, односно дека има многу малку повратници. Но се испостави дека овие податоци не се вистинити и дека има многу луѓе, кои се вратиле од различни боишта. Од ИСИС, од Сирија. Има и на боиштата во Украина“.

Тој вели дека е многу важно заедно со институциите да се работи на детекција на сите повратници, но и да се работи директно со нив, со цел да се спречи привлекување на нови луѓе или нивно повторно враќање во овие терористички групи.

„Кога веќе ги имаме повратниците, мора да размислуваме како да ги залечиме нивните рани и како да ги вклучиме во сите општествени текови“, вели Јованов.

Искуствата од другите држави говорат дека поголем процент од овие лица ќе се рехабилитираат и нема да се вратат на воените боишта, но повеќе фактори играат улога во тој процес.

„Во зависност од нивните можности, дали се работи за финансиски средства или други причини, поради кои лесно можат да подлежат на повторно влијание и повторно припојување на групите, 20 проценти би се вратиле повторно“, вели Јованов.

Владата во 2022 година објави листа со 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и во Исламската држава. За нив беа одредени финансиски санкции. Последните информации покажуваат дека вкупно 143 македонски државјани се заминати на странски боишта. Од нив со репатријација се вратени 68, од кои 58 со нивна согласност се вклучени во процесот на рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во општеството.

Во текот на 2021 година е направена последната репатријација на 23 македонски државјани. Од нив 4 мажи, 5 жени и 14 деца. Во Северна Македонија постои национален план за ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација, кој нуди можности за повратниците. Формирани се и тимови кои ја следат радикализацијата во затворите.

XS
SM
MD
LG