Линкови за пристапност

Македонската дијаспора во САД собра над 1 милион долари донација на донаторска вечера во Чикаго


Собраните средства ќе се користат за поддршка на образованието и човечкиот капитал во Македонија, бизнисите, владеењето на правото и корупцијата, демократското општество, животната средина, отворена влада и дигитализација и дигитални вештини
Собраните средства ќе се користат за поддршка на образованието и човечкиот капитал во Македонија, бизнисите, владеењето на правото и корупцијата, демократското општество, животната средина, отворена влада и дигитализација и дигитални вештини

Со црвен тепих, музички перформанс во изведба на Исмаил Лумановски, Дуке Бојаџиев и Крсте Роџевски и со присуство на политичари и бизнисмени, 400 Македонци кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, се собраа на донаторска гала вечера во Чикаго во организација на непрофитната организација Македонија2025.

Македонската дијаспора во САД донираше на гала вечера во Чикаго
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:40 0:00
Ќе бидат искористени главно за поддршка на млади таленти, поддршка на бизнис лидери како и директна поддршка на компаниите во Македонија
Никица Мојсоска - Блажевски, извршна директорка

Извршната директорка на организацијата, Никица Мојсоска – Блажевски за Гласот на Америка вели дека собраните средства ќе бидат искористени за корисни цели.

„Ќе бидат искористени главно за поддршка на млади таленти, поддршка на бизнис лидери како и директна поддршка на компаниите во Македонија. Сигурно дека средствата се над еден милион евра меѓутоа се надевам дека ќе има многу повеќе од тоа. Секако дека дел од средствата доаѓаат од самите членови на бордот на директори, меѓутоа и од многу други пријатели споменав Боинг е исто така голем донатор на оваа вечера и како што реков очекуваме над еден милион евра“, изјави Никица Мојсоска – Блажевски, извршна директорка на Македонија2025.

На вечерата во Чикаго, присуствуваше и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Тој, собирот на македонската дијаспора го нарече „благородна кауза“.

„Ова е важно затоа што станува збор веројатно за најголемиот собир на македонската дијаспора последниве години, ќе се видиме со луѓе со кои не сме се виделе долги години, меѓутоа многу поважно од тоа е што сите сме собрани заради една благородна кауза, а таа е вечерва да донираме што е можно повеќе средства за талентирани македонски деца и утре ќе може да отидат на најдобрите светски универзитети, да се едуцираат и тоа знаење понатаму да го приложат во развојот на сопствената држава“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи за Гласот на Америка вели дека државата изминативе години не доволно се грижела за својата дијаспора.

Тоа се наши луѓе кои што имаат огромен потенцијал на знаење, но и капитал за да направат нешто за својата држава
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

„Сметам дека структурно треба да се промени тој пристап, треба да ги гледаме дека тоа се наши луѓе кои што имаат огромен потенцијал на знаење, но и капитал за да направат нешто за својата држава. Сметам дека далеку сме од тоа од таму каде што треба да бидеме, но чекорите кои што се преземаат се правите“, вели за Гласот на Америка вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Преку овој настан сакаме да докажеме колку е силна македонската дијаспора и на кои начини можеме да придонесеме на патот до просперитетот“, вели Митко Андонов, член на Клубот на амбасадори во Македонија 2025. Тој вели дека настанот ќе упати апел да се помогне на македонската економија.

„Со овој настан ќе бидат собрани средства кои ќе помогнат во многуте програми кои што се организираат како што и досега беа организирани од страна на нашата организација Македонија 2025. Најчесто тоа е во делот на младите за програми за кодирање на децата или помагање на младите лидери, креирање на новите лидери, на новите генерации кои што ќе ги водат бизнисите во Македонија, исто така се инвестираат и во бизниси, старт апи кои што помагаат и ги креираат идните трендови во Македонија“, истакна Митко Андонов, член на Клубот на амбасадори во Македонија2025.

На гала вечерата во Чикаго, претседателот Пендаровски му додели орден „8 Септември“ на главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун, а награда за признавање на дијаспората за 2023 година им беше доделена на Стенли Томас и Влатко Андоновски за нивниот исклучителен придонес кон македонската заедница и за афирмација на својата татковина.

XS
SM
MD
LG