Линкови за пристапност

Мајмунските сипаници, слични на вариола вера: Како се пренесуваат, како да ги препознаете, како се лекуваат


Најчесто се пренесува преку многу близок контакт на кожа со кожа, а има случаи и на трансмисија при сексуален однос маж со маж
Најчесто се пренесува преку многу близок контакт на кожа со кожа, а има случаи и на трансмисија при сексуален однос маж со маж

Сличен е со вариола вера, најчесто се пренесува преку близок физички контакт со заболено лице, а смртноста е мала. Тоа се карактеристиките што домашни лекари ги велат за вирусот на мајмунски сипаници што се појави во повеќе од десет европски држави.

Мајмунски сипаници: Како се пренесуваат, како да ги препознаете, како се лекуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

„Најчесто прво се шири од животни кон човек. Така почнува. Со загризување, гребаница, исеченица, секрети од животни. Отприлика така се шири и од човек, на човек. Преку многу близок контакт на кожа со кожа, секрети во допир со повредена кожа. Може и по респираторен пат, но само во контакт со големи капки. Не преку аеросоли. Не можете да се заразите од мајмунски сипаници ако влезете во ресторан“, вели микро биологот Никола Пановски.

Дваесетина дена инфективна состојба

Се работи за болест којашто има една типична кожна промена, којашто првично е во форма на испакнатини. Но потоа се формираат мали меурчиња, кои потоа преминуваат во гнојаници, и на крај рани
Д-р Злате Мехмедовиќ

Вирусот првично бил откриен во педесеттите години од минатиот век во централна и во западна Африка. Но, неговото скорешно појавување на европско тло, го крена алармот.

„Се работи за болест којашто има една типична кожна промена, којашто првично е во форма на испакнатини. Но потоа се формираат мали меурчиња, кои потоа преминуваат во гнојаници, и на крај рани. Со заздравувањето на раните, практично поминува инфективниот период на оваа сипаница. Инкубациониот период е дваесетина дена“, објаснува д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Висока телесна температура, гнојни меурчиња

Во петнаесетина европски земји се регистрирани стотина случаи. Високата температура е еден од симптомите.

„Најчестите симптоми се главоболка, акутна појава на температура којашто е повисока од 38.5. Потоа, болки во мускулите, болки во грбот, отекување на лимфните јазли, како и споменатите промени на кожата“, додава Мехмедовиќ.

Вирусот се пренесува меѓу луѓето, но и од животните кон луѓето. Прашавме дали се пренесува и преку храната од животинско потекло.

„Не. Од храна може само теоретски. Ако се консумира месо од болно животно, без термички да се обработи. Тоа не се животни со кои се храниме. Но, теоретски, да“, укажува докторот Пановски.

Пренесување преку сексуален однос маж со маж

Како што истакнуваат лекарите, вирусот се јавува и при хомосексуален однос маж со маж.

„Најчесто, но не како исклучителен случај, детектирано е дека тоа се јавува меѓу мажите коишто имаат секс со други мажи. Би требало исто така да се внимава, кога ќе се комуницира со јавноста, да не се прави стигматизирање на овие, би рекол ранливи групи, коишто се изложени на вирусот“, порачува докторот Мехмедовиќ.

Вакцината против вариола вера како превенција

Нема логика населението да се вакцинира на толку ретка и несмртоносна болест. Туку, може, ако има случај на сигурен контакт, тогаш да се даде вакцина против вариола вера
Д-р Никола Пановски

Според макро биологот Пановски, за заштита може да се користи и некогашната вакцина против вариола вера, од која, како што вели, вирусот на мајмунски сипаници е послаб.

„Вакцината заштитува. Но, нормално, нема логика населението да се вакцинира на толку ретка и несмртоносна болест. Туку, може, ако има случај на сигурен контакт, тогаш да се даде вакцина против вариола вера и човекот да не го добие или на добие полесна клиничка слика на вирусот“, укажува докторот Пановски.

Лекарите нагласуваат дека нема место за паника. Но, посочуваат на поголема внимателност. За сите тие што би развиле симптоми на мајмунски сипаници или се сомневаат дека биле во контакт со заразено лице, советот е да се јават во здравствените оддели за инфективни заболувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG