Линкови за пристапност

Раководителот на американската пошта сведочеше пред конгресна комисија


Ова е прв пат лидер на оваа служба да биде испитуван од законодавците во врска со изборната пошта

Првиот човек на Поштенските служби на САД, Луис Деџој, пред сенатска комисија во петокот кажа дека нема промена на политиката во однос на изборната пошта за изборите во 2020, и вети дека по пошта испратените гласачки ливчиња ќе бидат спроведени „безбедно и на време“ за ноемвриските избори.

Деџој виртуелно се појави пред Комисијата за домашна безбедност и владини прашања на Сенатот.

Ова беше прв пат лидер на американската пошта да одговара на прашања на законодавците во врска со забавувањето на поштенските пратки, што се припишува на политиката за намалување на трошоците, што, пак, предизвика загриженост за доставувањето на гласачките ливчиња испратени попошта за ноемвриските ливчиња.

Тој даде уверувања, но не можеше да изложи детален план за тоа како ќе обезбеди гласачките ливчиња да стигнат на време, велејќи само дека поштенските служби на тоа се „многу посветени“.

XS
SM
MD
LG