Линкови за пристапност

Магијата на Божиќните празници носи надеж за просперитет: Иван Дургутов за иселувањето од Северна Македонија и за можностите за младите


Младиот европски амбасадор и извршен директор на Европската бизнис асоцијација од Скопје, вели дека причините за негативните демографски прогнози не се само економски.
Младиот европски амбасадор и извршен директор на Европската бизнис асоцијација од Скопје, вели дека причините за негативните демографски прогнози не се само економски.

Глас на Америка: Иван, Божиќните и Новогодишните празници се време кога се прават рекапитулации на годината што изминува. За жал, барем една од нив не е весела. Државниот завод за статистика прогнозира дека населението во Северна Македонија во 2070 година ќе биде 1,3 милиони жители. Каде ги лоцирате причините за иселувањето од државата?

Иван Дургутов: Навистина, да се слушне една ваква вест кон крајот на годината дека за помалку од 40 години всушност ќе сведочиме за тоа дека државата ќе ни се намали за речиси половина милион граѓани, навистина не е вест која што сакате да ја добиете на крајот од годината, меѓутоа реалноста е таква каква што е. Во однос на прашањето каде јас ги лоцирам факторите кои што придонесуваат до иселувањето на младите луѓе, би започнал со тоа дека иселувањето за мене лично е навистина е една сензитивна тема, меѓутоа и тема која што е доста комплексна. Верувам дека навистина се зад нас оние времиња во кои што младите меѓутоа и генерално населението во Македонија мигрираше поради чисто економски причини. Денеска, се повеќе слушаме од наши пријатели и наши роднини, од луѓето околу нас дека тие се селат во другите држави од причини како што се подобар образовен систем, пофункционален систем, подобро здравство итн. Така што, верувам дека сето ова проследено заедно со еден светски тренд преку отвореноста на светот на која што сведочиме и која всушност овозможува да биде многу полесно денеска да се движите од едно во друго место отколку било кога претходно, верувам дека сето ова заедно всушност го дава одговорот зошто сведочиме за толку бројна миграција во нашата држава.

Зошто младите се “оладија“ спрема членството во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:29 0:00

Глас на Америка: Вие раководите со организација што може да влијае на отварањето можности за младите таленти. Што правите на овој план?

Иван Дургутов: Европската бизнис Асоцијација се труди преку најразлични активности всушност да ги активира младите на пазарот на трудот меѓутоа генерално и кон тоа да придонесе да имаме подинамичен и пожив пазар на труд. Во оваа насока можам да го споделам Балканскиот економски форум кој што всушност се случи минатиот месец, кој што го организиравме заедно со граѓанската организација Балкански економски форум како еден ко-организаторите се јавивме ние како асоцијација таму и токму на тој форум кој што се одржа во главниот град на Албанија, Тирана имавме можност да чуеме најразлични дискусии и најразлични гледишта од регионални и од светски влијателни луѓе кои што кажуваат зошто и како тие веруваат дека миграцијата се случува, дали и како може да се влијае на истата, ако не може да се спречи, дали истата може да се ублажи итн., така што токму овој Балкански економски форум беше една од активностите кои што ги преземаме на ова поле, а истовремено работиме и со сите наши компании-членки преку најразлични настани. Одбележуваме меѓународни денови, испраќаме најразлични пораки до младите луѓе дека сепак иднината може да ја гледаат и во сопствената земја.

Глас на Америка: Последните истражувања покажуваат дека опаѓа поддршката за членство во Европската унија и дека половина од младите се против. На што се должи тоа?

Иван Дургутов: Видете, членството на Македонија во Европската Унија всушност е еден идеал кој ние како земја го имаме поставено уште од нашето само осамостојување во 1991 година. Тоа значи дека, членството во НАТО сојузот и членството во ЕУ се главните два стожери на кои што всушност ние ја базираме, односно ја основаме нашата независност. Едниот од тие идеали е веќе исполнет, додека вториот долго чекаме да се исполни. Верувам дека токму долгото време поминато во чекалната односно во предворјето на Европската Унија влијае кон тоа поддршката кон членството во оваа Европска Унија постепено да опаѓа. Јас се уште верувам и знам дека таа поддршка е висока и дека навистина македонските граѓани сакаат да ја видат својата татковина заедно во европското семејство со останатите 27 моментални членки, меѓутоа токму чекањето од една страна и токму честопати ирационалните барања кои што се поставени на тој пат од нас и од околни земји, меѓутоа најчесто се бараат од нас, верувам дека ова придонесува кон тоа таа поддршка полека да се намалува. Но, на крајот од денот сепак верувам дека таа е сеуште висока и дека членството е достижно и реално.

Иван Дургутов, млад европски амбасадор и извршен директор на Европската бизнис асоцијација од Скопје
Иван Дургутов, млад европски амбасадор и извршен директор на Европската бизнис асоцијација од Скопје

Глас на Америка: Кој е бенефитот за младите со влезот во Европската Унија?

Иван Дургутов: Доволно е да погледнеме каде младите се наоѓаат денеска. Доколку знаете некој млад човек кој што своето образование го стекнал во странска земја, многу е можно дека таа земја ќе биде токму земја од Европската Унија. Токму ова, образованието, токму програмите како што е Еразмус + програмата се она кое што овозможува младите уште пред да бидат дел од земја-членка на Европската Унија да се запознаат со предностите од ова членство. И верувам дека и пред да станеме членство младите се веќе запознаени, меѓутоа убаво е да ги повториме тие придобивки кои што не очекуваат на тој пат. Тоа се слободата на движење, слободата да работите во било која земја што ја посакувате во Европската Унија и слободата да биде она кое што навистина сте – да бидете еднакви и рамноправни со своите врсници, со своите другари и другарки од земјите членки на Европската Унија.

Глас на Америка: Престојувате во Вашингтон во празничен период. Гледате на празнувањето со македонски очи – каква е разликата меѓу празнувањето на граѓаните на САД и на Северна Македонија?

Иван Дургутов: Да се биде во Вашингтон во месец декември е навистина едно посебно чувство. Она што можам да го забележам е дека државата, но и градот, овде навистина посветуваат многу внимание на тоа да ги доближат новогодишните празници и магијата и духот на тие празници, што е можно повеќе до нивните граѓани. Токму на ова сведочев и при посетата која што ја имав на Белата куќа, божиќната тура и прием кои што ги имавме таму, кои што всушност ни ја покажаа целата онаа магија која што Белата куќа ја поседува во овој период од годината и сето она што таа го прави достапно преку отворањето на своите врати до граѓаните кои што успеваат да обезбедат пристап да видат како таа Бела куќа ги доживува празниците. Меѓутоа, и во Белата куќа и вон Белата куќа, на самите улици во Вашингтон можеме да забележеме многу убави декори, многу убави украси и сето тоа всушност навистина придонесува кон таа празнична пријатна атмосфера. Верувам дека и граѓаните тука, но и граѓаните во Македонија веруваат во ведрината и новиот дух кој што го носат божиќните празници и веруваат и посакуваат едни на други просперитетна и помирна 2024 година.

Глас на Америка: Што лично сакате годинава да ви донесе Дедо Мраз?

Иван Дургутов: Од Дедо Мраз секоја година побарувам повеќе работи, меѓутоа би споделил овој пат една која што верувам дека е многу значајна и која што всушност е порака со која што сакам да го завршиме овој разговор. Од Дедо Мраз посакав на први јануари 2024-тата година да се видиме во свет во кој што ќе биде помирно да се живее. Во свет во кој што ќе дискутираме многу поубави работи, отколку за војните за кои што дискутираме во оваа 2023 година и во кој што секое дете и секој млад човек, но и секој човек генерално ќе може да се посвети на себе, на своето семејство и својот развој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG