Линкови за пристапност

Шефот на кабинет во Белата куќа ќе поднесе оставка


Шефот на кабинет во Белата куќа ќе поднесе оставка
Шефот на кабинет во Белата куќа ќе поднесе оставка

Емануел е одговорен за надзор на извршната канцеларија на претседателот Обама и еден од неговите најблиски соработници.

Американскиот претседател Барак Обама се очекува денеска да ја соопшти одлуката на шефот на неговиот кабинет да поднесе оставка на функцијата.

Извори блиски до Рем Емануел велат дека тој си заминува од местото заради плановите да се кандидира за градоначалник на Чикаго, трет најголем град во САД.

Емануел е одговорен за надзор на извршната канцеларија на претседателот Обама и еден од неговите најблиски соработници. Работните задачи вклучуваат и селекција на тоа кој има пристап до првиот човек на САД и преговарање со членовите на Конгресот за примена на претседателската агенда.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс одби да ги потврди извештаите дека Емануел планира да се повлече, но изјави дека Обама ќе ги соопшти промените во својот кабинет во петок.

XS
SM
MD
LG