Линкови за пристапност

Мадона отвори детска болница во Малави


Болницата, која е прва од овој вид во Малави, вклучува три операциони сали, дневна клиника и одделение со 45 соби

Поп кралицата Мадона го отвори првиот Центар за детска хирургија и интензивна нега во Малави, Јужна Африка.

По повод свеченоста на отворањето, Мадона присуствуваше заедно со нејзиниот син Роко, како и децата посвоени од Малави – синот Дејвид, ќерката Мерси Џејмс, по којa е именуван и Институтот, како и близнаците Стела и Естер

Во нејзиниот говор, Мадона истакна дека изградбата на Одделот за педијатрија е одраз на мајчинска љубов, за која таа мечтаела кога била дете.

„Пораснав без мајка, и детството ми помина мечтаеејќи за неа. Од сите мои достигнувања, можноста да бидам добра мајка, не само на моите деца, ме прави повеќе горда“, рече Мадона.

Таа им порача на присутните никогаш да не се откажуваат од нивните соништа.

„Има многу работи за кои никогаш не помислував дека ќе ги направам во животот. Никогаш не помислив дека ќе градам болница за деца, дека ќе имам шест деца, од кои четири од Малави“, додаде таа.

Болницата вклучува три операциони сали, дневна клиника, како и одделение со 45 соби.

Мадона вели дека Центарот почнал со работа на крајот на јуни, додека првата операција била извршена минатата недела.

Претседателот на Малави Питер Мутарика и се заблагодари на 58-годишната пејачка.

„Денес таа се понуди како мајка и на останатите деца. Ни даде Центар, кој ќе овозможи нега за децата. На Мадона ќе и речам дека таа почна да ги посвојува нашите деца, па јас и нудам да ја посвојам како ќерка на оваа земја“, рече Мутарика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG