Линкови за пристапност

Обама потпиша закон за погранична безбедност


Обама потпиша закон за погранична безбедност
Обама потпиша закон за погранична безбедност

На располагање ќе биде и фонд за отварање на 250 нови места во Агенцијата за царински и погранични услуги и 250 вработувања во Агенцијата за имиграција и царина, со цел гонење на шверцерите на дрога.

Американскиот претседател Барак Обама во петок ја потпиша мерката за погранична безбедност вредна 600 милиони долари, со што доби сила на закон. Прашањето ќе доминира во кампањите за конгресните избори во ноември.

Мерката ќе обезбеди средства за дополнителни 1.000 агенти кои ќе патролираат долж американската граница со Мексико. Воедно на располагање ќе биде и фонд за отварање на 250 нови места во Агенцијата за царински и погранични услуги и 250 вработувања во Агенцијата за имиграција и царина, со цел гонење на шверцерите на дрога.

Со законот ќе се финансираат и активностите на два дополнителни беспилотни авиона за набљудување кои ќе патролираат долж границата со Мексико.

XS
SM
MD
LG