Линкови за пристапност

Само во Америка: Ден на благодарноста


Само во Америка: Ден на благодарноста
Само во Америка: Ден на благодарноста

Според музејот Плимут лоциран на истото место каде доселениците и Индијанците ја прославиле својата жетва пред околу 400 години, приказната за Денот на благодарноста повеќе е измислица отколку факт.

Во САД се прославува Денот на благодарноста на четвртиот четврток во ноември. Честопати на овој ден, се` се врти околу богата вечера за семејството и пријателите што започнува со молитва за благодарност за она што сме благословени да го имаме. Традицијата на Денот на благодарност започнала по плодната жетва во колонијалниот Масачусетс.

Ова е пријатна приказна за студен ден доцна во есента во 1621-та година, кога околу 50 англиски доселеници кои одвај ја преживеале првата година во Новиот свет, ја делеле својата гозба со дружељубивите Индијанци од племето Вампаноаг.

Но, според претставници од музејот Плимут лоциран на истото место каде доселениците и Индијанците ја прославиле својата жетва пред околу 400 години, приказната за Денот на благодарноста повеќе е измислица отколку факт.

Како прво, се чини дека на гозбата биле служени гуски и патки. Сигурно дека не биле месести домашни мисирки што американските семејства традиционално ги користат во денешно време. Исто така, може да заборавите на првите фотографии од празникот на долги трпези преполни со леб и пита од тиква. Доселениците немале ниту шеќер, ниту пченично брашно, а ниту печки да ги зготват.

Воедно, игнорирајте го митот дека тоа било првиот од многуте Денови на благодарноста што ги прославувале со нивните добри пријатели Индијанци. Постоела тензија меѓу нив, а нивното сојузништво 50 години подоцна ќе се развие во војни и крвопролевање.

Исто така, не обрнувајте внимание на мажите облечени во костуми како доселеници, убави палта, сјајни чевли и високи шапки. Доселениците носеле дабарски шапки и палта од еленска кожа. По тешката година што ја имале, тие најверојатно биле благодарни што имаат каква било облека и што преживеале за да ја облечат.

XS
SM
MD
LG