Линкови за пристапност

Почина последниот ветеран од Првата светска војна


Почина последниот ветеран од Првата светска војна
Почина последниот ветеран од Првата светска војна

Во Австралија почина Клауд Кулс на 110 години

Клауд Кулс последниот воен ветеран од Првата светска војна за кого се знаеше, починал во старачки дом во австралискито град Перт, на 110-годишна возраст.

Неговото семејство соопшти дека Кулс починал во сон.

Кулс е родум од Британија, а на Кралската морнарица и` се придружил кога имал 14 години, една година по почетокот на Првата светска војна. Во 1926-та година бил префрлен во Кралската австралиска морнарица и служел како главен офицер за уривање за време на Втората светска војна.

По пензионирањето од армијата во 1956-та Кулс продолжил да живее во Перт со неговата сопруга Ител. Таа починала во 2003-та година. На 108-годишна возраст Кулс ја објавил својата автобиографија „Последна од последните“.

Последниот американски воен ветеран од Првата светска војна за кого се знаеше, Френк Баклс, почина во февруари, исто така на 110 години.

XS
SM
MD
LG