Линкови за пристапност

ВВФ: Планетата Земја во лоша состојба


ВВФ: Планетата Земја во лоша состојба
ВВФ: Планетата Земја во лоша состојба

Извештајот содржи податоци за здравствената состојба на речиси 8.000 популации на преку 2.500 животински видови.

Природните ресурси не може да го издржат човечкиот притисок, се наведува во најновиот извештај на Светскиот фонд за дивината (ВВФ), насловен Жива планета.

Џим Лип, генерален директор на ВВФ интернешенал, наведува дека извештајот дава загрижувачка слика за здравјето на планетата Земја.

„Ни кажува дека користиме ресурси со темпо кое е 50 проценти побрзо од она кое Земјата може да го издржи“, вели Лип.

Во документот стои и дека побарувачката на природни ресурси се удвоила од 1966-та - наваму. Лип подвлекува дека најголемиот притисок врз природните ресурси доаѓа од најбогатите земји - тие имаат петпати поголем белег врз животната средина споредено со посиромашните земји.

Извештајот содржи податоци за здравствената состојба на речиси 8.000 популации на преку 2.500 животински видови.

Доктор Жан-Кристоф Ви од Меѓународниот синдикат за заштита на природата коментира дека од друга страна, токму сиромашните земји најмногу зависат од природните ресурси.

„Луѓето во развиениот свет мислат дека можеме да живееме без природа и биолошка разновидност, но тоа не е случај. Поголемиот дел од најсиромашните луѓе зависат од она што ќе го најдат, за да се прехранат, на пример. Мошне е загрижувачки што основните ресурси ги доведуваме до вака стресно ниво“, вели Ви.

Според извештајот на ВВФ, Обединетите Арапски Емирати, САД и Данска се меѓу 10-те земји со најголем белег врз животната средина.

Подоцна месецов, во Јапонија ќе се одржи меѓународна Конвенција на биолошка разновидност на која ќе се расправа за проблемот.

XS
SM
MD
LG