Линкови за пристапност

Намалување на светската популација, но не секаде


Намалување на светската популација, но не секаде
Намалување на светската популација, но не секаде

Според извештајот Европа е првиот регион од светот што ќе се соочи со намалувањето на наталитетот. А со слични проблеми се соочуваат и Јапонија и Јужна Кореја.

Во 2010 година светската популација достигна 6,9 милијарди со речиси сиот пораст фокусиран во земјите во развој.

„Овој дел на светот се соочува со проблеми, со зголемен наталитет и тоа ќе биде тренд со генерации“, вели Бил Бац, претседател на Бирото за популација, истражувачка група со седиште во Вашингтон што ги објавува годишните податоци.

Според извештајот за оваа година, на најсиромашните земји во развој во светот отпаѓаат 20 милиони од 80-те милиони луѓе кои се додаваат во светската популација секоја година. Вишиот демограф од Бирото за популација и главен автор на извештајот, Карл Хаб, вели дека до 2050 година порастот на населението само во Африка ќе резултира со пораст на популацијата во светски рамки на една милијарда.

Демографите предвидуваат дека наталитетот во земјите во развој на крајот ќе се намали следејќи го трендот на индустријализираните земји. Сепак, споед најновиот извештај, Азија се очекува да придонесе најмногу со околу 1,3 милијарди до 2050-та година. Ова најверојатно ќе значи поголеми проблеми за владите за да ги исполнат здравствените, образовни и економски потреби на старата и млада популација. Во развиените земји, бројките кажуваат мошне различна приказна. Хронично ниската стапка на наталитет креира намалување на бројот на работоспособно население кое би помогнало на постарата популација.

Карл Хаб дава пример со споредба на Германија и Етиопија. И двете земји имаат речиси ист број на население, но сличноста завршува овде. Етиопија се очекува да ја удвои својата популација од 85 милиони на 174 милиони до 2050 година. Од друга страна, популацијата на Германија најверојатно ќе се намали од 82 милиона на 72 милиона за истиот период.

„Во Етиопија годишно се регистрирани 3,3 милиони новороденчиња, а во Германија 650.000. Околу смртноста, во Етиопија умираат 77 на секои 1.000 новороденчиња, додека во Германија оваа бројка изнесува 3,5“, вели Хаб.

Според извештајот Европа е првиот регион од светот што ќе се соочи со намалувањето на наталитетот. А со слични проблеми се соочуваат и Јапонија и Јужна Кореја.

Во САД, бројот на лица на 65 годишна возраст и постари се удвои од 40 милиони денес, на 89 милиони до 2050 година. Вкупното население во САД, од актуелните 310 милиони на преку 420 милиони, според трендот за миграција, вели Линда Џекобсон, исто така од Бирото за популација.

Извештајот за светската популација за 2010 година дава детални информации за преку 200 земји. Базиран е врз изворите во овие земји, демографските истражувања и студии на државните и меѓународни агенции.

XS
SM
MD
LG