Линкови за пристапност

За Светскиот ден на здравјето - повик за акција


За Светскиот ден на здравјето - повик за акција
За Светскиот ден на здравјето - повик за акција

Светската здравствена организација бара итна акција за запирање на отпорноста на лекови

Пред Александар Флеминг да го пронајде пеницилинот во 1928-та година, првиот антибиотик во светот, многу луѓе умираа од обични рани и инфекции. Како илустрација, 18 проценти од американските војници починале од пневмонија во Првата светска војна, но во Втората светска војна, по откривањето на пеницилинот, од болеста починале само еден процент луѓе.

Светската здравствена организација предупредува дека светот е на раб на губење на овие чудотворни лекови. Марио Равиглионе од СЗО, се` почестата појава на отпорност на лекови ја нарекува глобална закана.

„Од тоа умираат стотици илјади луѓе годишно. Освен тоа, ова ја доведува во прашање контролата на заразни болести што во минатото беа излечиви. За некои од нив ние сме во ерата на пред појава на антибиотици, се вративме назад во `30-те или `40-те години“, вели тој.

Пронаоѓањето и употребата на лековите против микроби за третман на болестите како лепроза, туберколоза, гонореа и сифилис, го променија курсот на историјата на човекот и на медицината. Но, сега нивната ефикасност е доведена во опасност поради недоволна употреба, прекумерна употреба или злоупотреба на лековите, што може да резултира во растење на отпорноста.

Третманот на туберколоза, маларија вирусот ХИВ, пневмонија и другите смртоносни инфекции е во ризик со интензивирање на појавата на отпорност на антибиотици. Заменикот генерален директор на СЗО Кеиџи Фукуда вели дека развојот и ширењето на појавата на отпорност на лекови предизвикува голема загриженост.

„Крајно е што проблемот ги надминува решенијата. Тоа се случува во моментов. Нема едно нешто што може да се стори за да се реши или намали проблемот“, изјави Фукуда.

СЗО има план за акција во шест точки за заштита на третманите со лекови. Меѓу нив е зајакнување на надзорот и системите за мониторинг за откривање на отпорноста на лекови, препорака за рационална употреба на лековите, мерки за превенција и контрола на пренесување на инфекциите и истражување и развој на нови вакцини и лекови за третман на инфективните заболувања.

XS
SM
MD
LG