Линкови за пристапност

Пад на азиските берзи


Пад на азиските берзи
Пад на азиските берзи

Инвеститорите загрижени откако „Стандард енд Пурс“ ја смени перспективата на американскиот долг

Вредноста на акциите на берзите во Азија денес опадна поради загриженоста на инвеститорите за одлуката на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ да ја смени перспективата на американскиот долг од „стабилна“ во „негативна“. Токискиот главен идекс Никеи падна за речиси 1,25%. Негативен тренд е забележан и на берзите во Хонг Конг, Шангај, Сиднеј и Сеул.

„Стандард енд Пурс“ вчера ја смени перспективата на американскиот долг заради загриженоста дека владата на претседателот Барак Обама и законодавците во Конгресот не ќе можат да се договорат како да го намалат огромниот национален долг.

XS
SM
MD
LG