ФИФА обелодени дека посетеноста на Светското првенство ќе ја надмине од три милиони обожаватели на полуфиналниот натпревар меѓу Германија и Шпанија.
ФИФА јави дека нa првите 61 натпревар присуствувале 2,997.000 обожаватели. Во просек, тоа изнесува по 49.000 на секој меч. Ова ќе биде трето Светско првенство во фудбал на кое ќе биде минат прагот од три милиони посетители на стадионите.
Првите две места по посетеност ги држат САД, каде на Светското првенство во 1994-та натпреварите на стадионите ги гледале рекордни 3.59 милиони обожаватели или во просек по околу 69.000 лица на 52 меча.
Во Германија, на светското првенство во 2006-та, 64-те натпревари ги проследија околу 52.500 гледачи. Во Јужна Африка, стадионите имаат капацитет да примат 3.42 милиони обожаватели, но повеќето од билетите на натпреварите не беа целосно продадени.