Голферот број еден во светот Тајгер Вудс имаше досега за него најдобар почеток на првиот голем голф турнир годинава, што се одржува во Агаста, Џорџија.
Вудс се врати на професионалниот голф по петмесечно отсуство поради секс скандалот. Сепак, прекинот се чини дека не влијаеше на неговиот настап. Вудс во моментов е само два удара после Американецот Фред Каплс.
Петмина играчи се котираат добро на почетокот на турнирот, вклучувајќи го 60-годишниот поранешен шампион на Мастерс, Том Ватсон, Американецот и поранешен двоен победник на турнирот, Фил Микелсон, прворангираниот голфер во Европа, Англичанецот Ли Вествуд и двојката од Јужна Кореја, Кеј Џеј Чои и Јанг Јонг-Еун, кој минатата година го победи Вудс и стана шампион на американскиот турнир.