Линкови за пристапност

Прес-конференција на Тајгер Вудс


Вудс рече дека направил „одредени неверојатно лоши одлуки“ и дека „повредил многу луѓе“.

Голферот број еден во светот, Тајгер Вудс одржа прес-конференција воочи почетокот на неговиот прв турнир од инцидентот со автомобилот од минатата година, како и извештаите за вонбрачни врски и времето поминато во центар за рехабилитација.

За време на 35-минутната прес-конференција пред почетокот на Мастерс турнирот во Националниот голф клуб Аугуста во Џорџија, Вудс истакна дека презема целосна одговорност за личниот неуспех што резултирал со вонбрачни врски со преку 10 жени. Тој рече дека направил „одредени неверојатно лоши одлуки“ и дека „повредил многу луѓе“.

Зборувајќи за инцидентот од 27-ми ноември пред неговата куќа на Флорида, по што беше обелоденет скандалот, Вудс истакна дека по повредата морале да му бидат ставени пет конци во устата. Тој воедно порекна дека е зависен од лекови издадени на рецепт.

Вудс не играл во професионален натпревар од откривањето во јавноста на неговите вонбрачни врски, но во неделата и во понеделникот играл за тренинг во Аугуста Нешенал. Голферот беше загрижен за тоа како ќе биде примен од неговите обожуватели, но рече дека приемот бил подобар отколку што очекувал.

Вудс одби да зборува за 45-те денови минати на рехабилитација, но индицираше дека планира да продолжи со третманот. Исто така кажа дека неговата сопруга Елин нема да биде со него на Мастерс натпреварот.

Тој рече дека верува оти може по петти пат да победи на овој турнир.

XS
SM
MD
LG