Линкови за пристапност

Собранието во Висконсин под клуч


Собранието во Висконсин под клуч
Собранието во Висконсин под клуч

Полицијата ги протера демонстрантите додека трае гласањето за колективни права на вработените во администрацијата

Полицијата во сојузната држава Висконсин мораше сосила да ги отстрани демонстрантите и да ја заклучи собраниската зграда додека законодавците гласаа по мерката што се бави со колективните права на работниците.

Се очекува Собранието да ја усвои контроверзната мерка со која би се одзеле повеќето од колективните права на вработените во администрацијата.

Во средата, републиканските сенатори укинаа делови од мерката што налагаа сите законодавци да бидат присутни на гласањето. Претходно, повеќето демократски законодавци ја напуштија сојузната држава во надеж дека ќе го попречат гласањето.

Контроверзата предизвика про и антисиндикални демонстрации во главниот град на Висконсин, Медисон. Воедно, таа го сврте вниманието на јавноста на платите на работниците во јавната администрација во време кога повеќето од локалните влади се соочуваат со проблем како да ги скратат трошоците.

XS
SM
MD
LG