Авионските превозници мака мачат да го надминат застојот во сообраќајот и да ги вратат бројните патници на планираните дестинации по големото снежно невреме што го погоди источниот дел на САД.
Фрустрираните патници веќе неколку дена чекаат на аеродромите во Њујорк и Њу Џерси.
Невремето донесе од 60 до 90 сантиметри снег на источниот брег. Во Њујорк и на други места се` уште трае откопувањето од наносите. Ветриштата, од кои некои и до 128 километри на час, го отежнаа расчистувањето и го запреа и железничкиот и автобуски сообраќај.
Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека градската власт ги користи сите расположиви ресурси, а позајмила и пари за да го расчисти снегот. Блумберг рече дека претстои уште многу работа и дека се случиле вистински трагедии, бидејќи непреодните патишта во некои случаи ги задржале возилата за итна помош со часови.
Неделата и понеделникот вкупно беа откажани преку 6.000 летови.