Линкови за пристапност

Прва крајбрежна фарма на ветар во САД


Прва крајбрежна фарма на ветар во САД
Прва крајбрежна фарма на ветар во САД

Проектот веќе предизвика контроверза

Американската влада го одбори контроверзниот план за изградба на првата крајбрежна фарма на ветар во земјата.

Американскиот секретар за внатрешни работи Кен Салазар соопшти дека енергетскиот проект треба да започне наесен оваа година во сојузната држава Масачусетс.

За фармата на ветар се предвидени 130 турбини, секоја со максимална висина од 134 метри. Турбините ќе ги произведува германската компанија Сименс.

Гувернерот на Масачусетс Девал Патрик изјави дека планот придонесува САД да бидат „еден чекор поблизу“ до собирање на плодовите од таканаречените „еколошки“ работни места, чиста енергија и дополнителните предности од овој потфат.

Планот предизвика контроверза меѓу жителите и посетителите на Кејп Код, Мартас винјард и Нантакет ајланд, ексклузивни дестинации за одмор во Масачусетс. Досега се поднесени десетина судски жалби против проектот.

XS
SM
MD
LG