Линкови за пристапност

Асанџ останува во затвор додека не се реши жалбата од Шведска


Асанџ останува во затвор додека не се реши жалбата од Шведска
Асанџ останува во затвор додека не се реши жалбата од Шведска

Обвинителите во Шведска инсистираат дека нивниот случај нема никаква врска со Викиликс и исклучително е за наводите за силување и сексуална злоупотреба

Основачот на Викиликс Џулијан Асанџ ќе остане во притвор во Лондон, откако шведските обвинители поднесоа жалба на одлуката на британски судија тој да биде ослободен со кауција. Шведска бара Асанџ да биде екстрадиран во оваа земја по обвиненијата за наводно сексуално злоставување и силување.

Британскиот судија на основачот на Викиликс му одреди кауција, но под неколку услови - да го врати пасошот на полицијата, да остане на одредена локација под надзор со електронска направа два пати дневно и приложување на околу 315.000 долари во готово.

Но, шведските обвинители веднаш поднесоа жалба по одлуката, што значи Асанџ ќе остане во притвор до решението по жалбата во четврток. Шведска се обидува да издејствува екстрадиција на Асанџ заради наводите за сексуална злоупотреба и силување во оваа земја.

Адвокатот на основачот на Викиликс, изјави дека условите во затворот биле мошне лоши.

„Не му е дозволен пристап и можност да разговара со другите затвореници. Заклучен е повеќе од 23 часа“.

Неговата мајка, Кристин, со слични коментари:

„Има минимален број посети. Му беше одбиено барањето за комјутер за да го следи случајот и да биде во контакт со неговите адвокати. Дозволени му се само три посети и три телефонски разговори“, вели таа.

Новинарот Џон Пилгер смета дека Асанџ наскоро ќе биде на слобода.

„Нема случај против Џулијан Асанџ. Овде е неговиот адвокат од Шведска и имаме многу повеќе информации. Фактот што тој е во самица е понижување“, изјави Пилгер.

Обвинителите во Шведска инсистираат дека нивниот случај нема никаква врска со Викиликс и исклучително е за наводите за силување и сексуална злоупотреба. Адвокатот на Асанџ изјави дека неговиот клиент на неколкупати понудил да соработува со обвинителот.

Новинарот Пилгер додаде дека позната е информацијата оти Асанџ разлутил одредени луѓе.

„Мислам дека тој добива закани. Џулијан создаде многу непријатели и со добра причина“.

Во меѓувреме, веб-страницата Викиликс продолжува да објавува тајни американски телеграми иако Асанџ се наоѓа во притвор.

XS
SM
MD
LG