Линкови за пристапност

Шведска повторно го отвори случајот против основачот на „Викиликс“


Во јули веб-страницата „Викиликс“ обелодени преку 70.000 тајни документи на американската влада за војната во Авганистан.

Шведската обвинителка Мариен Ну вели дека ќе ја реактивира истрагата за наводно силување и злоупотреба на две жени од страна на основачот на „Викиликс“ Џилијан Асанџе. Тој за наводното дело е обвинет минатиот месец.

Ова се случува една недела откако друг обвинител изјави дека нема доволно докази за поткрепа на обвинението против Асанџе.

39-годишниот Асанџе ги порекна обвинувањата, изјавувајќи дека никогаш немал сексуални односи кои не биле дозволени од другата страна. За основачот на „Викиликс“ е познато дека нема постојана адреса на живеење и постојано патува од една во друга земја. Во јули, веб-страницата обелодени преку 70.000 тајни документи на американската влада за војната во Авганистан. Од компанијата додаваат дека наредниве недели планираат да објават уште неколку илјади други документи.

XS
SM
MD
LG