Линкови за пристапност

Документите на Викиликс откриваат локации на тактичко оружје на САД


Документите на Викиликс откриваат локации на тактичко оружје на САД
Документите на Викиликс откриваат локации на тактичко оружје на САД

Истекувањето на какви и да се доверливи информации - дипломатски или армиски - е противзаконски, неодговорно и опасно, изјави за Гласот на Америка портпаролката на НАТО Оана Лунгеску

Доверливите американски телеграми објавени на Интернет-страницата Викиликс откриваат дека најголемиот дел од 200-те американски тактички нуклеарни оружја во Европа се наоѓаат во Белгија, Холандија, Германија и Турција.

Истекувањето на какви и да се доверливи информации - дипломатски или армиски - е противзаконски, неодговорно и опасно, изјави за Гласот на Америка портпаролката на НАТО Оана Лунгеску. Таа одби да даде понатамошен коментар, освен дека е политика на НАТО да не коментира на доверливи информации.

Иако долго време се претпоставуваше дека на териториите на споменатите земји се наоѓаат боеви глави, телеграмите што се појавија на Викиликс навидум ја потврдуваат таквата претпоставка.

Во други телеграми објавени на Викиликс се вели дека авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ослободил притвореници во земјата без да им биде судено, само затоа што имале моќни врски.

XS
SM
MD
LG