Линкови за пристапност

Викиликс: САД загрижени за нуклеарната безбедност во Пакистан


Викиликс: САД загрижени за нуклеарната безбедност во Пакистан
Викиликс: САД загрижени за нуклеарната безбедност во Пакистан

Во меѓувреме, Интерпол издаде потерница по основачот на Викиликс Џулијан Асанџи, откако Шведска издаде налог за негово апсење како дел од истрагата за наводно силување

Американските дипломатски телеграми објавени на Интернет-страницата Викиликс покажуваат загриженост за безбедноста на пакистанскиот нуклеарен материјал и решеноста на официјален Исламабад да се бори против бунтовниците долж границата со Авганистан.

Детали од телеграмите беа објавени во денешните изданија на весниците Њујорк тајмс и Гардијан.

Во февруари 2009-та, американската амбасадорка во Пакистан Ен Патерсон рекла дека американските претставници се загрижени поради тоа што некој кој работи во пакистански нуклеарен објект може „постепено да прошверцува доволно материјал за да произведе оружје“.

Француската новинска агенција го цитира портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи Абдул Басит, кој вели дека „тие стравувања се погрешни“.

Во одвоен извештај се вели дека дополнителната финансиска или армиска помош од САД нема да го спречи Пакистан да продолжи да ги поддржува исламските милитанти, на кои Исламабад гледа како на дел од својата безбедносна стратегија против ривалот Индија.

Во меѓувреме, Интерпол издаде потерница по основачот на Викиликс Џулијан Асанџи, откако Шведска издаде налог за негово апсење како дел од истрагата за наводно силување

XS
SM
MD
LG