Германија ги порекнува наводите дека заедно во соработка со САД развива таен шпионски сателитски систем.
Германскиот центар за воздухопловство денес соопшти дека постои сателитска програма, но дека таа не е ниту тајна, ниту е наменета за шпионажа.
Претходно, норвешкиот дневен весник Афтенпостен објави информација, наводно од обeлоденетите американски дипломатски телеграми на Викиликс, дека Германија и САД работат на сателитски систем за шпионирање.
Според Афтенпостен, во телеграмите испратени од Американската амбасада во Берлин се вели дека сателитите треба да започнат со работа до 2013-та година.
Весникот наведува и дека заради контроверзната природа на програмата, американски и германски претставници ја претставиле во јавноста како цивилен проект. Во написот се цитираат делови од телеграми дека проектот е „под комплетна контрола“ на германската разузнавачка служба и на Германскиот центар за воздухопловство.