Линкови за пристапност

Меѓународна потрага по Асанџ


Меѓународна потрага по Асанџ
Меѓународна потрага по Асанџ

Интерпол издаде „црвена белешка“ за Асанџ, кој во Шведска се бара поради обвинување за силување и сексуална злоупотреба

Во тек е меѓународна потрага по основачот на Интернет-страницата Викиликс, кој наводно е во Британија. Во исто време, заоструваат реакциите на државници – од Русија до Австралија – за тајните информации објавени на страницата.

Британските медиуми известуваат дека властите знаат дека Асанџ се крие во јужноисточниот дел на Британија. 39-годишниот Австралиец наводно дал телефонски број и адреса кога пристигнал во земјата во октомври.

Доверливите американски дипломатски телеграми што протекоа на контроверзната страница на Асанџ открија директни и нималку ласкави гледишта за светските лидери, што иритираше политичари ширум светот.

Таен меморандум што навидум потекнал од американската амбасада во Москва наведува дека Русија е толку корумпирана што практично е „мафијашка држава“. Телеграмата се осврнува на Москва како на „клептократија“, со Кремљ и премиерот Владимир Путин во самиот центар.

Путин во интервју за Си-Ен-Ен реагираше дека САД не треба да се мешаат во внатрешните работи на Русија.

Интерпол издаде „црвена белешка“ за Асанџ, кој во Шведска се бара поради обвинување за силување и сексуална злоупотреба.

XS
SM
MD
LG