Линкови за пристапност

Асанџ: Жртва сум на мошне успешна прикриена кампања


Асанџ: Жртва сум на мошне успешна прикриена кампања
Асанџ: Жртва сум на мошне успешна прикриена кампања

Асанџ изјави дека повеќе е загрижен од американските напори за негова екстрадиција отколку за екстрадицијата во Шведска

Основачот на Викиликс Џулијан Асанџ вели дека е жртва на „мошне успешна прикриена кампања“, откако лондонскиот суд го ослободи со кауција по обвиненијата за сексуална злоупотреба.

Асанџ беше ослободен во четвртокот по кауција од 300.000 долари. Тој во моментов се наоѓа во домашен притвор и се соочува со можна екстрадиција во Шведска каде е обвинет за наводно сексуално злоставување.

Асанџ изјави дека повеќе е загрижен од американските напори за негова екстрадиција отколку за екстрадицијата во Шведска.

Основачот на Викиликс и неговите адвокати изразија стравување дека американските обвинители можно е да се подготвуваат да го обвинат за шпионажа заради објавувањето на тајни американски телеграми.

XS
SM
MD
LG