Линкови за пристапност

„Непобедлив“: преку планини – во количка


„Непобедлив“: преку планини – во количка
„Непобедлив“: преку планини – во количка

За режисерот, „Непобедлив“ е признание за хероизмот и порака за надеж за безбројни лица со посебни потреби ширум светот.

Американците годинава одбележуваат 20-годишни од усвојувањето на законот за заштина на лица со посебни потреби, наречен АДА, кој забранува дискриминација врз база на ментални и физички недостатоци. По овој повод беше промовиран и „Непобедлив“ – филм за најдолгата и најмакотрпна трка со количка во светот - инспиративна приказна за нескршливоста на духот.

Натпреварувањето во количка е предизвик сам по себе. Да се минат во неа 430 километри преку планини, пак, се граничи со невозможното. Но, токму на тоа се нафатил 57-годишниот Џефри Ериксон.

Кога излегов од болница, луѓето се обидуваа да ми кажат дека нема да можам, дека има граници. Тоа ме разлути, раскажува Ерискон, кој бил решен да ги надмине ограничувањата од автомобилската несреќа пред 33 години што го оставила во количка. Тој е еден од главните ликови во филмот „Непобедлив“.

Документарецот следи 31 натпреварувач во колички на една од најтешките трки во светот. Патеката од 430 километри минува низ планински предели, од Феарбенкс до Енкориџ, сојузната држава Аљаска.

Режисерот Стивен Барбер минал низ тригодишна одисеја да го заврши филмот:

„За лицата во колички мислиме дека се беспомошни. Тоа не е точно. Не се случува секој ден да се минат по 88,5 километри со количка, иако овие момци се долгогодишни спортисти. Луѓето во количка немаат недостатоци, туку предност. Научив дека ако некој е во количка, не значи дека е инвалид“, вели Барбер.

За режисерот, „Непобедлив“ е признание за хероизмот и порака за надеж за безбројни лица со посебни потреби ширум светот.

XS
SM
MD
LG