Ана Квиг имала проблеми со стомакот уште од млади години. Таа добивала и болки во зглобовите и станувала анемична. Не знаела што е причината за симптомите, но никогаш не се посомневала дека пченицата е проблемот.
„Кој би помислил дека може да бидете алергични на леб?“, вели таа.
Всушност, целијачната болест е повеќе од алергија. Тоа е болест на имунолошкиот систем. Имунолошките клетки по грешка ја напаѓаат обвивката на тенкото црево каде се собираат сите хранливи состојки. Ова води кон неухранетост.
Симптомите и интензитетот варираат. Стомачни проблеми, болки во зглобовите и анемија, како оние на Квиг, се честа појава. Меѓу сериозните случаи се забавен раст кај децата, што може да води до проблеми со црниот дроб, нагли напади и спонтан абортус кај возрасните жени.
Алесио Фасано е директор на Центарот на истражување на целијачната болест при Универзитетот Мериленд. Тој вели дека болеста се сметала за ретко пореметување, откриено главно меѓу Европејците.
„Преку бројните епидемиолошки студии, сигурни сме дека болеста е присутна со речиси ист процент и меѓу населението ширум целиот свет, по што заклучуваме дека не е реткост“, смета Фасано.
Тоа значи дека има потенцијални муштерии кои конзумираат само производи што не содржат скроб. Тоа е своевиден поттик за производителите на храна. Ана Квиг додава дека немала многу избор на производи без скроб пред седум години, кога за прв пат била дијагностицирана со болеста. Пазарот со вакви производи сега е вреден преку една милијарда долари годишно.
Делумно ова е заради зголемената свест за целијачната болест, но и поради тоа што производите без скроб се дел од нова диета. Некои луѓе кои се потполно здрави велат дека се чувствуваат подобро кога во исхраната не е вклучен скробот. Од друга страна пак, многу научници се скептични.
Во меѓувреме, побарувачката за производите без скроб значи можности за земјоделците како Дејвид Екерт кој почнал да одгледува теф-трева, житарка особено популарна на Брегот на слоновата коска.
Екерт вели дека бизнисот со теф-тревата е мошне солиден. Во Невада, од каде потекнува, се одгледува половина од вкупната количина од житарката произведена во САД, вредна околу милион долари за земјоделците во оваа сојузна држава. Ова се` уште не е голем сегмент за пазарот, но Екерт очекува дека ќе се развива.
Компаниите производители на продукти без скроб, употребуваат теф-трева делумно бидејќи е похранлива споредено од некои од поважните состојки како брашно од ориз и скроб добиен од компир, на пример.
Ана Квиг која страда од целијачна болест купува леб направен од теф-трева и други житарки. Вели дека овој леб не е мек. Тоа може да биде проблем за поширока употреба на теф-тревата, зашто повеќето Американци, дури и оние со целијачна болест, сакаат нивниот леб да биде бел и мек.