Линкови за пристапност

Затворени рудници за јаглен во Западна Вирџинија во знак на почит за загинатите рудари


Тоа беше и можност да се извршат инспекции по неодамнешната смртоносна експлозијата во еден од рудниците.

Повеќето рудници за јаглен во американската сојузна држава Западна Вирџинија беа затворени во петокот поради денот на жалост за загинатите рудири во неодамнешната несреќа во рудникот „Масеј енерџи“. Тоа беше и можност да се извршат инспекции по експлозијата во рудникот за јаглен.

Портпаролката на Асоцијацијата за јаглен во Западна Вирџинија, за Гласот на Америка изјави дека поголемиот дел од рудниците за јаглен во таа сојузна држава го исполниле барањето на гувернерот Џо Манчин за затворање на рудниците како начин на оддавање почит на 29-темина рудари кои загинаа во несреќата на 5-ти април.

Гувернерот Манчин додаде дека затварањето ќе им дозволи на вработените во рудниците да се фокусираат на безбедноста и одржувањето.

Претставници на рударската индустрија велат дека доброволниот прекин на работа ќе резултира со најмалку 400.000 тони неископан јаглен. Од „Масеј енерџи“ велат дека затварањето на рудниците е соодветен начин да им се оддаде почит на загинатите рудари.

XS
SM
MD
LG