Линкови за пристапност

Евакуирани спасувачките екипи во рудникот во Западна Вирџинија


Во четвртокот во рудникот влегоа 32-ца работници со гас маски со цел да ископаат тунел од осум километри.

Надлежните органи во сојузната држава Западна Вирџинија мораа да ја евакуираат спасувачката екипа од рудникот за јаглен каде од експлозија во понеделникот загинаа 25 лица.

Кевин Стриклин одговорен за безбедност на рудникот во четвртокот изјави дека спасувачите кои ги бараа четворицата исчезнати рудари, морале да ги прекинат операциите поради опасна концентрација на отровни гасови. Тој додаде дека екипите биле во опасност и морале да ја остават опремата и да се вратат на површината.

Во четвртокот во рудникот влегоа 32-ца работници со гас маски со цел да ископаат тунел од осум километри.

Спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до просторијата на околу 300 метри под земја каде веруваат дека се наоѓаат исчезнатите рудари. Надлежните велат дека се надеваат наспроти сета веројатност дека овие лица успеале да ја избегнат силната експлозија и да стигнат во просторијата што може да им го спасила животот.

XS
SM
MD
LG