По месеци на рекордна суша долж западното крајбрежје на САД, сега овој дел на земјата е на удар на поројни дождови, ветришта и снег.
Во Заливот на Сан Франциско и северно од градот, поројните дождови предизвикаа поплави. Во некои области, жителите беа предупредени да ги евакуираат домовите.
Во сојузната држава Вашингтон, дождот предизвика одрон на земјиштето во близина на плажата Вошавеј.
Обилни врнежи на снег се регистрирани во планините во северна Калифорнија. Училиштата и патиштата се затворени поради недостиг на електрична енергија. Во скијачките центри во северниот дел на Сиера Невада во моментов има снежен нанос од еден метар.
Денес се очекува дождот да продолжи да паѓа во поголемиот дел од Калифорнија.